„Чврге“ го објавија макси синглот „Свакидашња журка у мом граду“

Ска-панк составот „Чврге“ штотуку го објави макси синглот насловен „Свакидашња журка у мом граду“, под етикетата на издвавачката куќа „Слушај најгласније“. Изданието, кое го наследува успешниот албум првенец „Ска вулгаризмо“ до 2013 година, содржи три нумери„Свакидашња“, „Журка“ и „Мој град“, во кои „Чвргите“ останаа верни на ска-панк звукот и специфичниот текстуален израз, кој се наметна како заштитен знак на бендот од Пожаревац.„Свакидашња журка у мом граду“ може бесплатно да се симне од веб страната на бендот www.cvrge.com, а за љубителите на носачот на звук достапна е и на цеде издание.

 

Nema komentara

Оставите одговор